Жена од американската сојузна држава Тексас е обвинета за убиство на својата пет-годишна ќерка.
Според информациите од властите, 37-годишната мајка ја избодела и ја задавила својата пет-годишна ќерка среде парк, северно од Хјустон, а потоа ѝ ставила пластична ќеса на главата.
Мелиса Таун (37) го признала убиството откако девојчето било пронајдено завиткано во различни ќеси во нејзиниот автомобил, изјави шерифот на округот Харис, Ед Гонзалес.
Изгледа дека на девојчето и бил исечен вратот, пишува Ен-Би-Си њуз.
Таун е притворена со кауција од 15 милиони долари.
Убиството се случило во неделата во паркот Спринг Крик во Томбол. По убиството, Таун го однела девојчето во локална болница, каде медицинска сестра од итната медицинска помош ја пронашла во џипот, по што била констатирана смрт.
Таун наводно признал дека го однела девојчето во шумата во паркот и ѝ го пресекла грлото.