Постои сомнеж дека 29-годишното момче го убило 45-годишниот маж и потоа себе. Германските медиуми пишуваат дека убиените биле работници на градилиште. Според првите информации, Хрватот бил одговорен на градилиштето.
Полицијата во Минхен во четвртокот во 8:50 часот добила дојава за пукање на градилиштето кај Мариахилфплац, во близина на центарот на градот.
Според последните информации кои ги објавил tz.de, напаѓач е 29-годишно момче од Аугсбург, кое има и германско и хрватско државјанство.
Tödliche Schüsse auf Münchner Baustelle – Polizeisprecher Sven Müller: #München #Ohlmüllerstraße pic.twitter.com/JzJdlIiiCN
— Johannes Heininger (@Jo_Hanne_S) February 21, 2019
На интервенцијата имало дури 150 полицајци. Тие сега се обидуваат да ги дознаат мотивите за убиството и самоубиството.
Постои сомнение, имено, дека момчето го убило 45-годишниот Германец, а после тоа себе. Германските медиуми пишуваат дека биле убиени одговорниот на градилиштето и работник.
Полицијата ги блокирала околните улици, а издале и предупредување на англиски јазик на кое рекле дека граѓаните не се загрозени и дека не станува збор за интервенција поради двајцата мртви.
Според пишувањето на порталот tz.de, станува збор за градилиште кое се наоѓа на место на поранешен затвор. Околу него со години имало спорови.