петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Хрватска влегува во Шенген, Бугарија и Романија НЕ!

Хрватска влегува во Шенген, Бугарија и Романија НЕ!

Со едногласна одлука на состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите-членки во Брисел, Хрватска станува 27-ма членка на Шенген зоната и за помалку од еден месец ќе се укинат граничните контроли на копнените и поморските гранични премини, а на пролет и на аеродромите.

Министрите за внатрешни работи на 22 земји-членки на ЕУ кои се и членки на Шенген, денеска донесоа конечна одлука за „целосна примена на правото на Шенген во Република Хрватска“, што значи укинување на граничните контроли кон Шенген зоната.

Во исто време, Бугарија и Романија не добија зелено светло на состанокот. Австрија беше против приемот на двете земји, а Холанѓаните против Бугарија. (МИА)