среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

И војската се справува со напаѓачите во Тексас- Повеќе загинати, десетици повредени (ВИДЕО)

И војската се справува со напаѓачите во Тексас- Повеќе загинати, десетици повредени (ВИДЕО)

Повеќе луѓе загинаа во пукање во ВалМарт во Ел Пасо,Тексас во саботата и повеќе од еден осомничен е во притвор, изјавил официјален претставник, купувачите во паника бегале од трговскиот центар Волмарт во Ел пасо , Тексас , јавува Ројтерс.

Оливија Зепеда, началник на канцеларијата на градоначалникот на Ел Пасо, Ди Марго, рече дека имало неколку смртни случаи и уапсени се повеќемина осомничени. Цо пукотницата има најмалку 20 повредени. Таа не можеше веднаш да каже колку луѓе загинаа, или да даде други детали за осомничените.

Полицискиот оддел во Ел Пасо соопшти дека местото на настанот останало активно околу трговскиот центар Сило Виста, во близина на Волмарт.

„Постои непосредна закана. „Нема активен стрелец во моментот, но она што може да се каже е дека емстото не е безбедно“, изјави пред новинарите портпаролот на полицијата на Ел Пасо, Енрике Карило.

Тој ги замоли луѓето што не можеа да ги најдат најблиските да одат во центарот за обединување на семејствата во локалното средно училиште, наместо да се упатат кон трговскиот центар.

На местото на настанот се распоредени полицајци, војници, агенти за безбедност и гранични патроли.

Еден сведок рече дека видел најмалку една личност во продавницата со смртоносна рана на главата и видел купувачи во крвава облека.

Другите продавници во блискиот трговски центар беа затворени бидејќи полицајците го расчисти трговскиот центар на истокот на градот , кој е во близина на границата со Мексико.