недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ИД ја напушта последната позиција во реонот на Дамаск

ИД ја напушта последната позиција во реонот на Дамаск

Екстермистите од групата Исламска држава (ИД) се согласија да се повлечат од последната позиција во реонот на Дамаск, јавија денеска сириските државни медиуми.

Ваквата најава доаѓа во време кога сирската Владата се обидува да ја поврати контролата врз целиот регион на Дамаск, првпат по 2011 година.

Капитулацијата на припадниците на ИД уследи по офанзивата на владините сили во областа Хаџар ал Асуад и палестинскиот бегалски камп Јармук јужно од Дамаск, кои досега беа под нивна контрола.

Според сириските медиуми, на џихадистите им било понудено или да останат и да им се предадат на владините сили или да заминат со автобуси на териториите под контрола на ИД во пустинските реони во источната Сирија.

Сирискиот центар за мониторнг на човековите права, чие седиште е во Лондон, соопшти дека по објавувањето на договорот во двата реона завладеал „релативен мир” .

МИА