сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во северна Сирија, во кој вчера загинаа 13 лица, а три беа повредени, соопшти денеска оваа група.

Нападот врз цивилен автобус се случи во провинцијата Рака, која претходно беше под контрола на Исламската држава.

Групата соопшти дека нивните борци го нападнале автобусот со автоматски пушки.

Сириската армија претходно соопшти дека меѓу жртвите има и 11 војници.

Исламска држава прогласи „калифат“ (форма на владеење) што покрива делови од Ирак и Сирија, а главен град беше Рака.

Тие беа поразени во 2019 година, но нивните борци сè уште вршат терористички напади во оваа област.