Исламска држава преку аудио снимка се закани дека ќе ги саботира, всушност ќе ги напаѓа избирачките места за парламентарните избори во Ирак, што се закажани на 12 мај.
– Кандидатите и гласачите се неверници, кои застранија од патот на бог, изјави портпаролот на ИД, Абу ал Хасан ал Мухаџир во аудио снимката објавена синоќа на интернет страниците на ИД.
Но, се уште не е потврдена автентичноста на снимката.
Ирачката армија минатата година успеа во голем степен да ја елиминира ИД, вклучително и во градот Мосул. Оттогаш безбедноста е значително подобрена, но и покрај тоа џихадистите продолжуваат да дејствуваат во некои реони во пустината во западен Ирак. (МИА)