Најмалку пет мексикански деца се снимени во бизарна и крајно вознемирувачка игра која сведочи колкав е порастот на насилство во таа земја.
Имено, децата се преправале дека киднапирале и убивале девојче. Снимката за која се верува дека е снимена во Акапулко, прикажува момчиња како им вперуваат пиштоли во главите на девојчињата, а на некои дури и им ги “отсекуваат главите”.
На почетокот, две девојчиња седат на подот со рацете врзани, а потоа едно од момчињата вели: “Ги носиме”. Потоа момчињата ги подигнуваат девојчињата и ги туркаат кон масата каде се преправаат дека ќе ги “обезглават”.
Оваа снимка е објавена на Интернет, а многумина биле престрашени од играта на овие деца, бидејќи очигледно е дека ги имитираат злосторствата кои речиси секојдневно мафијата и нарко бандите ги спроведуваат во Мексико.
Акапулко во последните години од една од најомилените туристички дестинации стана еден од најопасните градови на светот.
Само оваа година во тој град каде живеат 100.000 жители регистрирани биле 112 убиства, а се претпоставува дека бројот на жртвите сè повеќе расте, бидејќи многу лица се водат како исчезнати.