сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Илон Маск продаде акции на „Тесла“ во вредност од 3.6 милијарди долари

Илон Маск продаде акции на „Тесла“ во вредност од 3.6 милијарди долари

Мултимилијардерот Илон Маск продаде уште 22 милиони акции, во вредност од околу 3.58 милијарди долари во производителот на електрични автомобили „Тесла“.

Акциите беа продадени во понеделник, вторник и среда оваа недела, според поднесеното барање до американскиот финансиски регулатор.

Со оваа трансакција, вкупниот број акции што ги продаде Маск во текот на изминатава година е во вредност од речиси 40 милијарди долари.

Претходно оваа недела Маск ја загуби титулата најбогат човек на светот.

Причината за најновата продажба на акции не е откриена.

„Тесла“ е една од акциите со најлоши перформанси меѓу големите производители на автомобили и технолошки компании оваа година, бидејќи инвеститорите се загрижени дека купувањето на „Твитер“ од страна на Маск го пренасочува неговото внимание.

Во средата вредноста на акциите на „Тесла“ котирани на технолошки индекс „Насдак“ во Њујорк се затвори под 500 милијарди долари за прв пат од 2020 година.