недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Имран Кан кандидат за пакистански премиер

Имран Кан кандидат за пакистански премиер

Популистичкото Пакистанско движење за правда (ПТИ), кое победи на парламентарните избори одржани на 25 јули, денеска го предложи својот партиски лидер, поранешната крикет ѕвезда, Имран Кан за нов премиер на Пакистан.

За официјално да добие мандат за формирање влада, кандидатурата на Кан треба да ја одобри пакистанскиот Парламент.

На изборите ПТИ освои 116 места во 342-члениот Парламент и за обезбедување мнозинство ќе мора да преговара со неколку помали партии.

Според непотврдени информации, Кан за својата кандидатура веќе има обебзедено поддршка од 172 пратеници или еден повеќе од неопходните 171 за парламентарно мнозинство.

На изборот на Кан се очекува жестоко противење на втората по големина сила во Парламентот, конзервативната Пакистанска муслиманска лига (ПМЛ) на поранешниот премиер Наваз Шариф, која заедно со уште неколку помали партии, ги оспорува изборните резултати.

Аналитичарите сепак очекуваат до крајот на месецот Кан да ја формира својата влада.

(Миа)