Индиската армија соопшти дека случајно истрелала проектил кон Пакистан, јавија некои светски агенции.
Индиското Министерство за одбрана истакна дека изразиле „длабоко жалење“ поради тоа.
-За време на рутинско одржување, технички дефект доведе до случајно истрелување на проектил, соопшти индиското Министерство за одбрана, без да го прецизира типот на проектилот.
Во инцидентот нема жртви. (МИА)