вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Индонезија ги пренасочува сите летови околу вулканот Анак Кракатау поради исфрлање пепел

Индонезија ги пренасочува сите летови околу вулканот Анак Кракатау поради исфрлање пепел

Индонезиските власти денеска почнаа да ги пренасочуваат сите летови во областа на вулканот Анак Кракатау помеѓу островот Јава и Суматра, откако тој исфрли нови столбови пепел, неколку дена откако предизвика смртоносно цунами.

Властите го зголемија нивото на тревога до втор степен и воспоставија зона на зголемена опасност со радиус од пет километри околу вулканот.

Според последните податоци, бројот на загинати од цунамито кое ги погоди крајбрежните области на индонезиските острови Јава и Суматра достигна 430, најмалку 159 се водат за исчезнати, а околу 1.500 се повредени.

Податоците од сателитските радари на јапонската вселенска агенција Џакса покажуваат дека вулканот драстично се намалил по ерупцијата за време на викендот. Снимките се направени пред и по ерупцијата и покажуваат дека по ерупцијата исчезна југозападниот наклон на вулканот.