среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Инфлацијата во Аргентина може да достигне рекордно ниво од 76 проценти

Инфлацијата во Аргентина може да достигне рекордно ниво од 76 проценти

Инфлацијата во Аргентина до крајот на годината би можела да достигне рекордно високо ниво од 76 отсто, предвидуваат експерти на аргентинската Централна банка.

За годинава експертите предвидуваат зголемување на цените од 38 до 48 проценти, во 2023 раст за 60 отсто, а во 2024 година зголемување од 50 проценти.

Аргентина веќе неколку години е меѓу земјите со најголема инфлација. Во 2021 година инфлацијата изнесуваше 50,9 отсто, во 2020 – 36,1, во 2019 – 53,8, а во 2018 година – 47,6 проценти.