Потрошувачките цени во Европската унија во април се зголемиле за 8,1 отсто на годишно ниво од 7,8 отсто во март, покажуваат денешните конечни податоци на Евростат.
Стапката на инфлација во еврозоната во април изнесувала 7,4 отсто на годишно ниво, што е непроменето во однос на март, објавено е на веб-страницата на статистичката агенција на ЕУ.
На месечно ниво, инфлацијата во ЕУ во април пораснала за 0,8 отсто, а во еврозоната за 0,6 отсто.
Меѓу земјите-членки на 27-члениот блок, највисоки годишни стапки на инфлација минатиот месец се регистрирани во Естонија (19,1%) во Литванија (16,6%), а најниски во Франција и Малта, по 5,4 проценти во двете земји.
Во април девет земји на ЕУ немале двоцифрена годишна стапка на инфлација.