Инвестициите во здравствениот сектор во Италија се на најниско ниво од 90-те години, објави денеска италијанскиот Национален институт за статистика (ИСТАТ).
Трошоците за здравство во 2019 година беа 22,7 проценти од вкупното трошење на јавниот сектор.
Здравството и пензиите сочинуваа 59 отсто од јавната потрошувачка во 2019 година, додаде ИСТАТ. Тоа ја чинело Италија вкупно околу 479 милијарди евра.
Таа држава е една од најтешко погодените од вирусот со речиси 27.000 смртни случаи.