понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ирачки авиони извршија напади врз позиции на ИД во Сирија

Ирачки авиони извршија напади врз позиции на ИД во Сирија

Ирачкото Воено воздухопловство во координација со сириската армија, денеска изврши напади врз позиции на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија.

Армијата на Ирак првично соопшти дека нападите биле извршени од „ирачката страна на границата“, но потоа нејзин претставник информира дека ирачките авиони сепак навлегле во воздушниот простор на Сирија.

Во соопштението на ирачките Вооружени сили не се поосчени детали на местото и целите на нападите.

Информацијата за нападите ја потврди и Кабиенот на ирачкиот премиер Хајдер ал Абади.

(Миа)