среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ирак доби нова влада, поранешниот прв разузнавач Мустафа ал-Кадими избран за премиер

Ирак доби нова влада, поранешниот прв разузнавач Мустафа ал-Кадими избран за премиер

По повеќемесечни тешки и неизвесни политички преговори Ирак денеска ја доби новата влада што ќе ја предводи Мустафа ал-Кадими, поранешниот прв човек на разузнавачката служба.

Ирачкиот Парламент рано утринава го потврди именувањето на новата влада, бидејќи партиите до последен момент се бореа за добивање на соодветните ресори.

Пратениците ги прифатија имињата на 15 министри, отфрлија петмина, а гласањето за кандидатите за министри за нафта и за надворешни работи е одложено, бидејќи не беше постигнат договор за носителите на функциите.

Според ирачкиот Устав, владата може да се формира доколку парламентот одобри повеќе од половината предложени министри.

Весникот „Њујорк Тајмс“ пишува дека Кадими има силни врски со САД и репутација на прагматилен политичар.