Ирачкото Министерство за комуникации денеска соопшти дека ќе ја укине забраната за апликацијата Телеграм, воведена претходно оваа недела поради безбедносни причини и протекување податоци на официјални државни институции и граѓани.
Апликацијата е широко користена во Ирак и исто така е извор на вести и платформа за споделување содржина.
Сепак, некои канали содржат големи количини на лични податоци, вклучувајќи имиња, адреси и семејни врски на Ирачаните.
Во соопштението на Министерството се наведува дека одлуката за укинување на забраната е донесена откако „компанијата сопственик одговорила на барањата на безбедносните органи кои побарале да открие како точно протекле личните податоци“.