Иран е подготвен да ја продолжи соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, додавајќи дека МААЕ „не подлегна на израелскиот притисок во врска со нуклеарните активности на Техеран. “
Раководството на МААЕ денеска ќе има средба, три месеци по усвојувањето на резолуцијата со која се повика Иран да им даде соодветни одговори во врска со истрагата за траги од ураниум на три необележани локации во земјата, пренесоа британските медиуми. (МИА)