вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Иран ја суспендира од берзата најголемата челичарница по сомнежите за корупција

Иран ја суспендира од берзата најголемата челичарница по сомнежите за корупција

Берзата во Техеран го суспендира најголемиот и рански производител на челик Мобараке (Mobarakeh Steel Company)по извештајот на Парламентот, во кој постои сомнеж за поткуп во износ од три милијарди долари.

Одлуката за суспензија уследи неколку дена по извештајот во кој се обвинува раководството на Мобараке, со седиште во централната провинција Исфахан, за измама, корупција, непотизам и трговија со влијание во периодот од 2018 до 2021 година. За тоа компанијата потрошила три милијарди долари.

Во извештајот на 295 страници се наведува дека челичарницата исплаќала големи суми на министерства, судски институции, префектури, државната телевизија, полицијата, пратеници, па дури и на имами.