Ирански граѓанин кој им дал информации на американските и израелските служби за локацијата каде се наоѓа убиениот генерал Касем Сулејмани, наскоро ќе биде егзекутиран наскоро, соопшти денеска претставник на иранските судски органи.
Со напад со дрон САД на 3 јануари го убија генералот Сулејмани, командант на специјалните сили „Кудс“ на иранската Револуционерна гарда. Вашингтон го обвинуваше Сулејмани за организирање напади врз американските сили во регионот.
Махмуд Мусави-Мајд, еден од шпионите на ЦИА и Мосад, беше осуден на смртна казна.
– Тој на нашите непријатели им дал информации за тоа каде се наоѓа маченикот Сулејмани, изјави во телевизиското обраќање судскиот портпарол Голахосеин Есмаили.
По убиството на Сулејмани, Иран на 8 јануари одговори со ракетен напад врз американска база во Ирак. Во нападот не беа убиени ниту повредени американски војници, но стотици од нив подоцна беа дијагностицирани со мозочни трауми.