петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Иран ослободува уште 10.000 затвореници

Иран ослободува уште 10.000 затвореници

Иранскиот врховен верски лидер алајтолахот Али Хамнеи планира да помилува уште 10.000 затвореници.

Тоа го потврди портпаролот на Министерството за правда Голамхосеин Есмаили, наведувајќи дека уредбата за амнестијата Хамнеи ќе ја потпише во пресрет на иранската Нова Година, наречена Навруз, пренесуваат американските медиуми.

Порпаролот наведе дека во очигледниот обид земјата што подобро да се бори против ширењето на коронавирусот, од кого досега во Иран умреа повеќе од 1.100 лица, веќе се ослободени 85.000 затвореници.

Меѓу ослободените е и Назанин Ретклиф, член на хуманитарната организација кој има двојно државјанство и на Иран и на Велика Британија, а кој е осомничен за обид за уривање на владата.