Иран може да ја ограничи соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), изјави иранскиот претседател Хасан Рохани пред директорот на Агенцијата, Јукија Амано.
– Нуклеарната активност на Иран отсекогаш била за мирни цели, но Иран ќе го одреди обемот на својата соработка со МААЕ, рече Рохани по состанокот со Амано.
– Одговорноста за промена на нивото на соработката на Иран со МААЕ ја сносат оние кои ја создадоа оваа нова ситуација, додаде иранскиот лидер. Тој истакна дека ако Иран нема корист од нуклеарниот договор по повлекувањето на САД, Техеран ќе донесе нови одлуки.
Шефот на МААЕ го увери Рахани дека Заедничкиот сеопфатен акционен план во рамките на иранската нуклеарна програма е успешна согласност за спроведување на нуклеарни проверки и потврда дека Техеран ги исполнува своите обврски.
МИА