понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Иранската Револуционерна гарда уапси странски дипломати

Иранската Револуционерна гарда уапси странски дипломати

Иранската револуционерна гарда уапси странски дипломати под обвинение за шпионажа, објавија иранската новинска агенција Фарс и државната телевизија.

Разузнавачката служба на Револуционерната гарда идентификуваше и уапси дипломатите од странските амбасади, кои шпионираа во Иран, објави Фарс.

Додека според иранската државна телевизија еден од уапсените е Британец, кој потоа биле протеран од земјата.

Наводно, британскиот заменик-амбасадорот Гилс Витакер и други дипломати земале примероци од почвата во воените забранети зони додека Револуционерната гарда вршела тестирања на балистички проектили.

Британското Министерство за надворешни работи се уште не ги коментираше иранските обвинувања.

Иранските медиуми не наведоа кога и колку дипломати се уапсени и дали сите се протерани.