вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Исламска држава презеде одговорност за нападот во кој загинаа 11 египетски војници

Исламска држава презеде одговорност за нападот во кој загинаа 11 египетски војници

Терористичката организација Исламска држава денеска презеде одговорност за нападот во Синај во кој загинаа 11 припадници на египетската војска.

Завчерашниот нападот на воената станица во Синај, каде дејствуваат радикални ќелии поврзани со Исламска држава го осудија повеќе држави во светот.

Африканската Унија, Париз, Вашингтон, како и Картум, го осудија, како што го нарекоа, „терористичкиот“ чин.

Претседателот на Египет, Абдел Фатех ал Сиси нагласи дека, ова „нема да ја разниша одлучноста на земјата и на нејзината војска да стават крај на злото на тероризмот“.