вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Истрага за трговијата со украински деца во Литванија

Истрага за трговијата со украински деца во Литванија

Литванските власти покренаа истрага за трговија со 43 украински деца за посвојување, изјави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон во пленарната сала на Европскиот парламент.

Таа ја повтори опасноста од таква трговија со луѓе во услови на долготрајни воени дејсвија.

Еврокомесарката Јохансон рече дека од почетокот на војната армијата на Путин убила 158 деца и тоа не треба да остане неказнето, нагласувајќи ја улогата на Евроџаст и Европол за таа цел.

Околу 2,5 милиони украински деца биле принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на војната, а околу два милиони ја преминале границата на ЕУ, изјави еврокомесарката за демократија и демографија Дубравка Шуица.