Италија соопшти денеска дека ја преместува својата амбасада во Украина од главниот град Киев во западниот град Лавов, по слични одлуки на другите западни земји.
„Поради влошување на безбедносната ситуација во Киев и последователна неможност да се гарантира целосна функционалност, италијанската амбасада во Киев се префрла во Лавов“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Италијанскиот премиер Марио Драги го повтори советот на неговата влада дека Италијанците во Киев треба да го напуштат градот и да бидат „максимално претпазливи“. (МИА)