Италијанското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека „силно им препорачува“ на сите италијански граѓани кои сè уште се во Украина да ја напуштат земјата.
Предупредувањето е издадено по „сè посилните ракетни напади врз Киев и на целата украинска територија“, соопшти Министерството на својата веб-страница за безбедно патување „Viaggiare sicuri“.
– Патувањето во Украина, на кој било начин, категорично не се препорачува, соопшти министерството, повикувајќи ги сите оние што одат на работа да „преземат мерки за да ги спречат и избегнат ризиците“ и да бидат „максимално претпазливи“.
Русија денеска го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Украина во последните неколку месеци, а Киев тврди дека наскоро ќе почне контраофанзива во обид да ја врати контролата врз територијата заземена од руските сили.