сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Италијанскиот премиер ја потврди смртта на новинар во нападот во Стразбур

Италијанскиот премиер ја потврди смртта на новинар во нападот во Стразбур

Премиерот на Италија, Џузепе Конте вечерва потврди дека младиот новинар Антониo Мегалици им подлегнал на повредите здобиени во нападот на божиќниот пазар во Стразбур.

– Голема тага поради смртта на Антоно Мегалици, момчето кое имаше голема страст за новинарството, за радиото, за истражувањето и за европските институции, напиша Конте на Твитер.

Радио Еурофоника исто така јави дека Мегалици, кој работеше за нив, починал.

Мегалици беше хоспитализиран во многу тешка состојба по нападот на божиќниот пазар во Стразбур, во кој настрадаа четири лица, а повеќе од десет беа ранети.

Обвинителството на Париз денеска соопшти дека почина и четвртата жртва од нападот што се случи во вторникот во Стразбур.

Напаѓачот Шериф Шекат убиен е синоќа во пресметка со полицијата откако отвори оган врз полицајците кои се обидоа да го уапсат препознавајќи го на улица.

Со тоа заврши дводневната потера во која учествуваа повеќе од 700 припадници на безбедносните сили.

Исламска држава вчера соопшти дека Шекат е нивен борец.

МИА