сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Италијанско лото: Рекордна добивка од 209 милиони евра оди во Милано

Италијанско лото: Рекордна добивка од 209 милиони евра оди во Милано

На италијанската лотарија „Супереналото“, се падна награда од 209 милиони евра, што е рекорд за оваа игра на среќа.

Лозот којшто чини само две евра, бил уплатен во населбата Лоди, кај Милано. Шесте среќни броеви за џекпот беа: 7, 32, 41, 59, 75 и 76.

Добитна шестцифрена комбинација на италијанското лото не е извлечена од јуни 2018 година.

Претходниот рекорд е забележан во октомври 2010 година, кога беа освоени 177 милиони евра.