понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Итен состанок во ОН за Сирија

Итен состанок во ОН за Сирија

Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе одржи итна седница на барање на Русија. Тема на состанокот е заканата по меѓународниот мир поради евентуалните воздушни напади на САД и сојузниците врз Сирија.

Русија, со поддршка од Кина и Боливија побара од генералниот секретар на ОН, Антониот Гутереш да го брифира СБ за новонастанатата ситуација во Сирија.

Состанокот, што е закажан за 16 часот по средноевропско врема, ќе биде отворен за јавност.

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја вчера апелираше до САД и нивните сојузници да се воздржат од воени акции против Сирија поради наводниот напад со хемиско оружје, истакнувајќи оти „итен приоритет е да се спречи опасноста од војна“.

Тој одговарајќи на прашање дали мисли на војна помеѓу САД и Русија, наведе дека „за жал, Русија не може да исклучи ниту една можност“.

– Ги видовме пораките кои доаѓаат од Вашингтон. Многу се воинствени, потенцира Небензја.

Тој додаде дека САД знаат дека руски сили се распоредени во Сирија.

– Опасноста од ескалација е многу поголема кога станува збор за самата Сирија, бидејќи нашата војска е таму… Затоа ситуацијата е многу опасна, истакна рускиот амбасадор во ОН.

МИА