четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Итна седница на Генералното собрание на ОН за руската инвазија врз Украина

Итна седница на Генералното собрание на ОН за руската инвазија врз Украина

Советот за безбедност на ОН за денеска свика „итна, вонредна седница“ на Генералното собрание на ОН со цел сите членки на светската организација да се изјаснат за руската инвазија врз Украина.

Резолуцијата, предложена од САД и Албанија, синоќа ја усвоија 11 земји. Русија гласаше против, Обединетите Арапски Емирати, Кина и Индија беа воздржани.

Вето не е можно според сегашните регулативи на ОН кога станува збор за овој тип на резолуција.

Согласно процедурата воспоставена во 1950 година наречена „Обединување за одржување мир“, усвоената резолуција не може да биде предмет на вето на постојаните членки на Советот за безбедност, вклучително и Русија.

Вонредната седница почнува во 10 часот по локално време (15 часот по Гринич). Се очекува да трае најмалку цел ден.