недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Избори во САД: Бајден води на анкетите, Трамп најавува победа

Избори во САД: Бајден води на анкетите, Трамп најавува победа

Соединетите држави денеска избираат претседател. Дали ќе биде сегашниот, Доналд Трамп или новиот, Џо Бајден, ќе се знае во текот на оваа вечер дали еден од двајцата победил во клучните држави.

Според анкетите, Бајден води во шест од овие одлучувачки држави – Флорида, Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Северна Каролина и Аризона.

Американците ги поздравуваат изборите поделени и незадоволни како што не биле од Виетнамската војна во 1970-тите. Скоро 100 милиони веќе гласале. Експертите предвидуваат дека одѕивот на гласачите ќе биде поголем отколку во 2016 година, кога гласале 138 милиони луѓе.

И Бајден и Трамп се убедени во иста работа – нивната победа.

„Чувствувам дека имаме голема победа пред нас“, најави Бајден, додека Трамп рече: „Ќе имаме уште една убава победа“.