четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ИЗБУВНА МЕРАПИ – најактивниот вулкан во Индонезија исфрла лава (ФОТО)

ИЗБУВНА МЕРАПИ – најактивниот вулкан во Индонезија исфрла лава (ФОТО)

Најактивниот вулкан во Индонезија, Мерапи кој се наоѓа на островот Јава почна повторно да исфрла топла лава и облаци со врела пареа.

Топлата лава и облаците со врела пареа се спуштиле по падините во должина од дури 1.500 метри.

Шефицата на Центарот за вулканологија и геолошко ублажување на опасностите, Ханик Хумаида за „Ројтерс“ изјавила дека откако властите го подигале нивото на опасност од овој активен вулкан во ноември, ова сега било најдолгиот проток на лава на таа планина.

– Засега, нивото на готовност е на второто највисоко ниво, населението треба да се држи настрана од постојната опасна зона од 5 километри околу кратерот, рече таа.

Мерапи се наоѓа на надморска висина од 2.968 метри и е околу 30 километри од центарот на градот Јогјакарта. Околу 250.000 луѓе живеат на оддалеченост од 10 километри од вулканот.

Мерапи еруптираше и исфрли пепел и лава во јуни минатата година, но немаше жртви. За време на последната голема ерупција во 2012 година загинаа 347 луѓе, а беа евакуирани 20.000 жители.

Во Индонезија има над 120 активни вулкани.