недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Израел изврши воздушни напади врз Појасот Газа

Израел изврши воздушни напади врз Појасот Газа

Израелските сили рано утринава извршија воздушни напади врз Појасот Газа, од каде претходно беа истрелани ракети на израелска територија.

Погодени се цели во северниот дел на градот Газа. Во соопштение израелската војска соопшти дека го напаѓа Појасот Газа.

Претходно од Газа беа истрелани шест ракети, од кои пет беа пресретнати од израелскиот систем за ПВО, а шестата падна во ненаселена област.