недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Израел првпат ја обвини Русија за воени злосторства

Израел првпат ја обвини Русија за воени злосторства

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид остро ја осуди Русија за, како што рече, „воените злосторства“ во Украина.

–Сликите и сведочењата од Украина се ужасни. Руските сили извршија воени злосторства против цивилното население без одбрана. Остро ги осудувам овие воени злосторства, истакна Лапид.

Претходно денеска израелскиот премиер Нафтали Бенет ги осуди убиствата на цивили во украинскиот град Буча, но не ги обвини руските сили за тие злосторства.

Сега, неговиот министер го направи тоа и ова е првпат Израел да ја обвини Русија за воени злосторства во Русија.