Израелски воени авиони бомбардираа позиции на Хамас во Газа, како одговор на запаливите балони кои се пуштени од таа палестинска територија и предизвикаа пожари во јужниот дел на Израел, соопшти израелската војска.
Засега нема податоци за жртви во нападите, чија цел биле, како што соопшти армијата, фабрика за производство на оружје и лансирна рампа за ракети, кои припаѓаат на Хамас.
Откако во мај стапи во сила прекин на огнот по 11-дневни борби меѓу Израел и Хамас, од Газа повремено се пуштаат балони со запалив материјал кон Израел.
Палестинците велат дека сакаат да извршат притисок врз Израел да ги ублажи рестрикциите кон Газа и да дозволи помош да стигне на таа територија.