понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Израелски војници убија тројца демонстранти на границата со Газа

Израелски војници убија тројца демонстранти на границата со Газа

Израелски војници убија тројца Палестинци на границата со Појасот Газа, каде што илјадници од нив, петта недела, се собираат со барање да ги вратат палестинските бегалци на израелска територија, соопштија здравствените власти во Газа.

Бројот на Палестинци убиени од израелски војници се зголеми на 41, а повеќе од 5.000 беа повредени, откако жителите на Газа почнаа да протестираат на границата на 30 март.

Сепак, израелската армија тврди дека некои жители на Газа се обиделе да ја пробијат граничната ограда.

– Израелските војници, кои се криеја зад граничната ограда, долга 40 километри, пукаа кон демонстрантите кои се собраа на пет локации на страната на Газа и фрлија солзавец, наведува израелската армија.

Здравствените власти во Газа велат дека двајца демонстранти се во критична состојба и дека повеќе од 600 се повредени.

Израелската армија соопшти дека меѓу 12.000 и 14.000 жители на Газа учествувале во „немирите“.(МИА)