Израелската војска утринава соопшти дека во синоќешните напади врз Газа погодила повеќе од 500 цели и дека продолжува да ги неутрализира палестинските терористи кои влегуваат во Израел преку порозната граница со Појасот Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека од саботата се убиени вкупно 73 израелски војници, кога Хамас изврши масовен напад врз Израел со ракетни напади и копнени упади во јужен Израел, јави „Тајмс оф Израел“, додавајќи дека од нив само вчера биле убиени 16 војници.
ИДФ додаде дека синоќа биле погодени повеќе од 500 цели, вклучително и осум командни центри на Хамас и палестинскиот огранок на Исламскиот џихад, неколку згради во кои е сместен имот на Хамас, џамија со средства кои припаѓаат на палестинската милитантна организација и три тунели во Беит Ханун, област во северниот дел на Газа.
Портпаролот на ИДФ ги негираше тврдењата дека армијата немала доволно опрема.
ИДФ утринава објави снимка од неколку воздушни напади врз припадниците на Хамас кои во текот на ноќта извршија инвазија на израелска територија.
Безбедносните бариери на Израел долж Појасот Газа се тешко оштетени откако Хамас го почна нападот врз јужен Израел.
Live footage from my window! #Gaza pic.twitter.com/pdx8m3SGpa
— Muhammad Smiry 🇵🇸 (@MuhammadSmiry) October 9, 2023