среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Израелските сили убија 16-годишен Палестинец

Израелските сили убија 16-годишен Палестинец

Израелските сили денеска убија 16-годишен Палестинец на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Убиството се случило за време на судирите меѓу израелските сили и Палестинците во село во близина на Витлеем, јавуваат палестинските медиуми.

Палестинското Министерство за здравство го идентификуваше убиениот Мустафа Сабах и соопшти дека бил застрелан во градниот кош.

Израелската армија веднаш не го коментираше инцидентот, а на видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како луѓето го носат телото на момчето по пукањето .

Конфликтите меѓу двата народи се интензивираа во изминатата година.

Утрово израелски војници влегоа во бегалскиот камп Џенин и уапсиле неколку Палестинци осомничени за вмешаност во напади врз Израелци, соопшти армијата.

Палестинските медиуми јавија дека двајца млади мажи биле ранети во судирите што избувнале во кампот.

Повеќе од 97 Палестинци се убиени од израелски оган на Западниот Брег од почетокот на оваа година. (МИА)