среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Извлечени уште 14 тела: Бројот на загинати при уривањето на зградата во Мајами се искачи на 78 лица

Извлечени уште 14 тела: Бројот на загинати при уривањето на зградата во Мајами се искачи на 78 лица

Бројот на жртви при уривањето на станбена зграда во Мајами денеска се искачи на 78, откако од под урнатините беа извлечени уште 14 тела, изјави градоначалничката на Мајами Дејд Даниела Левин Кава.

Други 62 лица се водат како исчезнати во несреќата што се случи на 24 јуни и се стравува дека не се живи, додаде таа на прес-конференцијата.

Претходно беше соопштено дека спасувачите, кои работат на местото на уривање на повеќекатната зграда, го насочиле фокусот на активностите кон пронаоѓање на тела на жртви, откако утврдиле дека нема шанси некој во урнатините сè уште да биде жив.