вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ја отсекол главата на змијата, па жестоко зажали: Одмаздата од убиената ѕвечарка беше брутална!

Ја отсекол главата на змијата, па жестоко зажали: Одмаздата од убиената ѕвечарка беше брутална!

Тексашанец, кој и отсекол глава на змија – ѕвечарка, го каснала по што му требало 26 дози противотров за да преживее.

Како што изјави Џенифер Сатклиф, нејзиниот сопруг работел нешто во градината и здогледал ѕвечарка долга 1,25 метри, на која потоа и ја отсекол главата.

Кога ги собирал остатоците од змијата, него всушност го каснала главата на змијата, чиј рефлекс за каснување трае и по неколку часа откако ќе угине.

Жената рече дека нејзиниот сопруг веднаш добил напад, поради што е префрлен во болница каде примил 26 дози антидот.

Повеќе од недела дена му биле потребни на Тексашанецот пак да биде во стабилна состојба, иако со нешто послаба функција на бубрезите.

Лекарката Лесли Бојер од Универзитетот во Аризона ги предупреди граѓаните да не ги убиваат змиите, посебо не така што ќе им ги отсечат главите.

„Тоа е сурово кон животното и остава мал дел кој е отровен,  а кој исто така може да касне“, рече Бојер за сајтот Гизмодо.