Повеќе од три четвртини од Јапонците ја поддржуваат идејата жена да стане император на Јапонија, покажуваат резултатите од социолошкото истражување спроведено од весникот „Никеј бизнис дејли“.
Императорот Нарухито застана на Тронот на хризантемата на 1 мај, еден ден по абдицирањето на неговиот татко Акихито.
Ниту неговата сопруга Масако, ниту нивното единствено дете, 17-годишната принцеза Аико, немаат право да го наследат престолот според сегашниот закон.
Според спроведената анкета, 76 отсто од Јапонците ја поддржуваат идејата да им се даде право на жените да го наследат тронот, а само 14 проценти се изјасниле против.
Следен на ред за наследување на тронот е принцот Акишино, помалиот брат на Нарухито.