петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јапонија и Холандија ќе обезбедат милиони евра за хуманитарна помош за Газа

Јапонија и Холандија ќе обезбедат милиони евра за хуманитарна помош за Газа

Јапонија ќе обезбеди 10 милиони американски долари за хуманитарна помош за цивилите во Газа, изјави денеска јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава, а 10 милиони евра помош вети и холандската Влада.

Јапонија во моментов претседава со групата развиени земји Г7 и Камикава рече дека ја следи ситуацијата во Газа „со загриженост“, додавајќи дека Јапонија очекува ситуацијата да се смири што е можно поскоро.

Камикава рече и дека е при крај со подготовките за разговори со нејзиниот ирански колега. Холандската влада во вторникот вети 10 милиони евра за нова хуманитарна помош за Газа, велејќи дека е длабоко загрижена поради брзото влошување на ситуацијата во која се наоѓаат луѓето таму.

Таа додаде дека парите се испраќаат по барање на ОН и дека ќе бидат наменети за основни човечки потреби како што се вода и здравствена заштита. Таа повтори дека Израел има право да се брани по нападите на Хамас, но и дека одговорот треба да биде „пропорционален“ и во рамките на меѓународните правила за војна.

„Цивилите и хуманитарните работници никогаш не треба да бидат цел на насилство и хуманитарната помош треба да има неограничен пристап“, рече холандската министерка за надворешна трговија и развој Лиесје Шрајнемахер во писмо до парламентот.

Шпанија ќе ја зголеми и хуманитарната помош за Појасот Газа со пакет вреден милион евра и е подготвена да испрати уште, рече на прес-конференција шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес. (МИА)