Јапонија и НАСА се договорија за соработка и истражување на површината на месечината, а целта им е да населат луѓе и роботи.
Управителот на НАСА, Џим Бриденстин и јапонскиот министер за образование, култура, спорт и технологија Коичи Хагиуда, потпишаа декларација за време на виртуелен состанок.
-„Ова е огромен чекор кон слетување на Јапонците на месечината“, соопшти министерот Хагиуда.
Според декларацијата, две страни планираат за време на соработна на Меѓународната вселенска станица и во програмата на НАСА „АРТЕМИС“ која предвидува да пресели луѓе на месечината.
-„ Денешното потпишување на декларацијата има намера да продолжи со успешна соработка меѓу Јапонија и САД а и во вселената“, рече управителот на НАСА, Џим Бриденстин.