Јапонија планира да ги забрани владините набавки на уреди и опрема од кинеските компании „Хуавеј“ и „ЗТЕ Корп“, за да ја зголеми својата заштита од протекување доверливи информации и кибер напади.
Јапонскиот весник „Јомиори“, кој прв ја објави веста, пишува дека се очекува Владата в понеделник да ги разгледа домашните регулативи за јавни набавки.
Претходно, оваа година САД исто така одлучиja да воведaт забрана за набавка и користење телекомуникациска опрема од овие две компании во американските државни служби.
Американските разузнавачки агенции тврдат дека „Хуавеј“ е поврзана со кинеската Влада и дека нивните уреди може да имаат скриени можности за шпионажа. Меѓутоа, се уште нема докази за овие тврдења, кои „Хуавеј“ ги негираше.
Австралија и Нов Зеланд веќе ја блокираа изградбата на телекомуникациската мрежа 5Г од страна на „Хуавеј“ на нивните територии.
МИА