Јапонскиот император Акихито веќе втор ден по ред ги откажа своите обврски, поради здравствени проблеми.
Осумдесет и четиригодишниот император на Јапонија имал проблеми со недоволен доток на крв во главата, а се жалел и на болки во стомакот и вртоглавица.
Императорката Мичико побарала лакерска помош во понеделникот кога забележала дека Акихито не се чувствува добро. Таа во следните денови ќе преземе некои од семејните обврски, што ги има императорот, како што е веридбата на нивната внука, принцезата Ајако.
Акихито, кој е 125-иот император на Јапонија, е на престолот од јануари 1989 година, но најави дека ќе абдицира во 2019 година.