петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јапонскиот милијардер се врати на Земјата по 12 дена во Вселената

Јапонскиот милијардер се врати на Земјата по 12 дена во Вселената

Јапонскиот милијардер кој помина 12 дена на Меѓународната вселенска станица денеска се врати на Земјата, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.

Јусаку Маезава, 46-годишен милијардер, неговиот помошник Јозо Хиноро и рускиот астронаут Александар Мисуркин се спуштија со падобран во казахстанската степа околу 03.13 часот по Гринич.

„Заврши туристичкиот лет на леталото Сојуз МС-20“, се наведува на веб-страницата на Роскосмос. Двајцата Јапонци се првите туристи кои сами си го платиле патувањето.

Ова е прва туристичка посета на вселенската станица од 2009 година.

Цената на патувањето не е објавена. Беше планирано Хиноро да ја сними целата мисија.