Јордан го откажал планираниот самит со американскиот, палестинскиот и египетскиот претседател, Џо Бајден, Махмуд Абас и Абдел Фатах ел-Сиси и јорданскиот крал Абдула Втори бидејќи тоа „засега не би можело да ја запре војната“, обвинувајќи го Израел за извршување „масакри“.
-По консултациите со нашите палестински и египетски браќа и по дискусијата со САД, решивме да не го одржуваме овој самит. Наша цел е од овој самит, доколку се одржи, да се произведе едно решение, а тоа е да се запре војната, да се почитува хуманоста кон Палестинците и да се достави помошта што ја заслужуваат, изјави јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Ал-Сафади.
Тој, исто така, како причина за неодржување на самитот, ја наведе експлозијата во болница во градот Газа, во која загинаа стотици луѓе.
– Се воздржуваме од одржување на самитот, исто така, поради тековните израелски масакри врз палестинскиот народ во Појасот Газа, од кои последниот беше масакрот врз Баптистичката болница, кој беше шок за сите и не може да се толерира, вели тој.
Хамас кој владее со Појасот, обвини за израелски воздушен напад, додека израелската војска вели дека експлозијата била предизвикана од ракета испукана од палестинската група Исламски џихад.