понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јоргос Катругалос: Русија не е закана за Балканот

Јоргос Катругалос: Русија не е закана за Балканот

Грција не ја смета Русија за непријателска сила и не гледа никаква закана од Москва за Балканот, изјави грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Јоргос Катругалос.

– Се обидуваме да бидеме сила за стабилизација на Балканот, Како што кажав и претходно, ќе водиме повеќедимензионална политика. Не сметаме дека Русија е непријателска сила, Русија ја гледаме како пријател и сакаме да ги подбриме нашите односи, изјави Катругалос.

Ваквата изјава на Катругалос, дадена во Санкт Петербург каде учествуваше на Петербуршкиот меѓународен економски форум, претставува реакција на оценката на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека Русија претставува дестабилизирачки фактор на Балканот.

Помпео во четвртокот пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат изјави дека Русија се обидува агресивно да ја зајакне својата позиција на Балканот и дека Администрацијата на САД ќе се спротивстави на тоа.

– Руската закана продолжува агресивно да го зајакнува своето влијание на Балканот. Тоа е реално и мораме да се бориме против тоа, рече Помпео.

МИА